Врз основа на чл. 99 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, и член 5 и член 16 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, а во согласност со Конкурсот за упис на студенти за учебната 2023/2024 година, на ден __________, _____ година се склучува следниот

Договор

за студирање на студентите на втор циклус студии на
Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин”
Свети Николе, Република Северна Македонија

помегу:

1. Меѓународен Славјански Универзитет "Гаврило Романович Державин" Свети Николе , Република
Северна Македонија (во натамошниот текст МСУ) претставуван од ректорот, проф. д-р Ленче Петреска;

2. Студент {{$enrollment->ime}} {{$enrollment->prezime}} со ЕМБГ {{$enrollment->embg}} роден/a на {{$enrollment->datum_ragjanje}} година во {{$mesto_zivljenja->naziv}} со постојано место на живеење на улица бр. {{$enrollment->adresa}} во {{$mesto_zivljenja->naziv}} државјанин на {{$drzava->naziv}}.

Член 1

Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од вклучувањето на студентите во високообразовниот процес кој се одвива во рамките на МСУ. Овој договор важи за цело време на студирањето на студентот на МСУ.

Член 2

    Статус на студент на МСУ се стекнува со исполнување на следните услови:
        • Упис на студиите според уписните услови за соодветните студии
        • Потпишување на Договорот со МСУ и
        • Со плаќање на надоместокот за школарина за соодветните студии во висина и на начин определен со овој договор

Член 3

Финансирањето на студирањето на МСУ е лично од страна на студентите.
Надоместокот за студирање на студентите запишани на втор циклус на студии на МСУ во учебната
2023/2024 година изнесува 1000 евра за 5–та година во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата за една учебна година. На почетокот на секој семестар, студентот пополнува семестрален лист со предмети кои се предвидени во студиската програма и е должен да уплати надоместок за административни трошоци за пријавување на предмети согласно трошковник за студирање на МСУ. Висината на надоместокот од став 2 на овој член не се менува за цело време на студирањето на студентот. Пред одбраната на магистерскиот труд студентот е должен да ги уплати трошоците за одбрана предвидени во трошковник за студирање на МСУ. При уписот на учебната година студентот покрај надоместокот од член 3 став 2 и став 3 плаќа и административни трошоци за упис и водење на персонално досие во висина од 50 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата.

Член 4

Надоместокот од член 3 став 2 и став 3 се плаќа одеднаш во моментот на потпишувањето на овој договор.
Во тој случај студентот се стекнува со право на попуст во висина од 10%.

Член 5

Школувањето на втор циклус студии трае 2 (два) семестри или 1 (една) година. По завршувањето на вториот семестар и полагањето на сите испити предвидени во учебната програма студентот е должен да изработи магистерски труд.

По одбраната на дипломската работа на начин предвиден со актите на МСУ студентот добива уверение за завршен прв циклус на студии, диплома за завршен прв циклус на студии и додаток на диплома.

Член 6

    Статусот на студент на МСУ престанува поради една од следните причини:
        • неплаќање на школарина
        • прекршување на правилата за студирање и однесување на студентот определени во актите на МСУ
        • откажување од студирање од страна на студентот.

Во сите овие случаи на престанок на статусот на студент уплатените средства во текот на студирањето од страна на студентот не му се враќаат.
Во случај на престанок на статусот на студент поради која било од причините во став 1 од овој член, МСУ има право да ги побарува неплатените средства предвидени во член 3 став 2 и став 3 за периодот до губењето на статусот на студент.
Се смета дека статусот на студент престанува во моментот на донесувањето на Одлука за отпишување од страна на Ректорската управа на МСУ или со давањето на писмената изјава за откажување од студирање од страна на студентот.

Член 7

Во случај на спор по овој Договор надлежен е Основен суд Свети Николе.

Член 8

Договорот е склучен во три еднакви примероци од кои два за МСУ и еден за студентот.

Студент:

_________________________________
Ректор:

_________________________________
проф. д-р Ленче Петреска