Врз основа на чл. 99 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, и член 5 и член 16 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе, а во согласност со Конкурсот за упис на студенти за учебната 2023/2024 година, на ден __________, _____ година се склучува следниот

Договор

за студирање на студентите на втор циклус студии на
Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин”
Свети Николе, Република Северна Македонија

помегу:

1. Меѓународен Славјански Универзитет "Гаврило Романович Державин" Свети Николе , Република
Северна Македонија (во натамошниот текст МСУ) претставуван од ректорот, проф. д-р Ленче Петреска;

2. Студент {{$enrollment->ime}} {{$enrollment->prezime}} со ЕМБГ {{$enrollment->embg}} роден/a на {{$enrollment->datum_ragjanje}} година во {{$mesto_zivljenja->naziv}} со постојано место на живеење на улица бр. {{$enrollment->adresa}} во {{$mesto_zivljenja->naziv}} државјанин на {{$drzava->naziv}}.

Член 1

Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските на договорните страни кои произлегуваат од вклучувањето на студентите во високообразовниот процес кој се одвива во рамките на МСУ. Овој договор важи за цело време на студирањето на студентот на МСУ.

Член 2

    Статус на студент на МСУ се стекнува со исполнување на следните услови:
        • Упис на студиите според уписните услови за соодветните студии
        • Потпишување на Договорот со МСУ и
        • Со плаќање на надоместокот за школарина за соодветните студии во висина и на начин определен со овој договор

Член 3

Финансирањето на студирањето на МСУ е лично од страна на студентите.
Надоместокот за студирање на студентите запишани на втор циклус студии на МСУ во учебната
2023/2024 година изнесува 500 евра за 4-та и 1000 евра за 5-та година во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата за една учебна година. На почетокот на секој семестар, студентот пополнува семестрален лист со предмети кои се предвидени во студиската програма и е должен да уплати административни трошоци за пријавување на предмети согласно трошковник за студирање на МСУ. Висината на надоместокот од став 2 на овој член не се менува за цело време на студирањето на студентот. Пред одбраната на магистерскиот труд студентот е должен да ги уплати трошоците за одбрана предвидени во трошковник за студирање на МСУ. При учебната година студентот покрај надоместокот од член 3 став 2 и став 3 плаќа и административни трошоци за упис и водење на персонално досие во висина од 50 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата.

Член 4

Надоместокот за студирање во висина определена со овој договор се плаќа на сметка определена од МСУ согласно Одлуката за распределба на приходите. Надоместокот од член 3 став 2 и став 3 се плаќа на 4 (четири) еднакви рати во текот на учебната година со следната динамика:

Четврта година:

Првата рата со денот на запишувањето на студентот на МСУ во износ од 315 евра согласно трошковник за студирање на МСУ.
       Втората рата најдоцна до 15 декември за тековната учебна година во износ од 305 евра.
      Третата рата најдоцна до 15 февруари за тековната учебна година во износ од 305 евра.
      Четвртата рата најдоцна до 10 јуни за тековната учебна година во износ од 305 евра.

Петта година:

Првата рата со денот на запишувањето на втора година на студентот на МСУ во износ од 530 евра согласно трошковник за студирање на МСУ.
       Втората рата најдоцна до 15 декември за тековната учебна година во износ од 350 евра.
      Третата рата најдоцна до 15 февруари за тековната учебна година во износ од 350 евра.
      Четвртата рата најдоцна до 10 јуни за тековната учебна година во износ од 300 евра.

Член 5

Доколку студентот не ја уплати ратата во предвидениот рок должен е за задоцнувањето да плати покрај износот на ратата и законска казнена камата на тој износ.
Доколку студентот не уплати две рати една по друга на истиот му престанува статусот на студент на МСУ во моментот на донесувањето на Одлука за отпишување од страна на Ректорската управа на МСУ.
Од оправдани причини на студентот може да му се продолжи рокот за плаќање на некоја од ратите по претходно поднесено писмено барање до деканот. За оправданоста на барањето и рокот за продолжување се донесува писмена одлука од деканот.

Член 6

Школувањето на втор циклус студии трае 4 (четири) семестри односно 2 (две) години. По завршувањето на четвртиот семестар и полагањето на сите испити предвидени во учебната програма студентот е должен да изработи магистерски труд.

По одбраната на магистерскиот труд на начин предвиден со актите на МСУ студентот добива уверение за завршен втор циклус на студии, диплома за завршен втор циклус на студии и додаток на диплома.

Член 7

Условите и начинот на упис во повисока учебна година се регулирани со акти на МСУ. Актите од став 1 на овој член се јавно објавени во просториите на МСУ и истите се достапни на сите студенти.

Член 8

  Статусот на студент на МСУ престанува поради една од следните причини:
      • неплаќање на школарина
      • прекршување на правилата за студирање и однесување на студентот определени во актите на МСУ
      • откажување од студирање од страна на студентот.

Во сите овие случаи на престанок на статусот на студент уплатените средства во текот на студирањето од страна на студентот не му се враќаат.

Во случај на престанок на статусот на студент поради која било од причините во став 1 од овој член, МСУ има право да ги побарува неплатените средства предвидени во член 3 став 2 и став 3 за периодот до губењето на статусот на студент.

Се смета дека статусот на студент престанува во моментот на донесувањето на Одлука за отпишување од страна на Ректорската управа на МСУ или со давањето на писмената изјава за откажување од студирање од страна на студентот.

Член 9

Во случај на спор по овој Договор надлежен е Основен суд Свети Николе.

Член 10

Договорот е склучен во три еднакви примероци од кои два за МСУ и еден за студентот.

Студент:

_________________________________
Ректор:

_________________________________
проф. д-р Ленче Петреска